Околу 100.000 руски ИТ стручњаци ја напуштиле Русија


 

Околу 100.000 руски ИТ стручњаци ја напуштија татковината од почетокот на годината, што е приближно десетина од сите такви стручњаци во Русија, вели рускиот министер за дигитален развој, комуникација и масовни медиуми, Максут Шадаев, во државната Дума.

„Ако ги анализираме двата брана на заминување на информатичарите, до 10 отсто вработени во информатички компании ја напуштија државата и не се вратија. Многу се вратија, но околу 100 илјади се надвор од земјата“, рече Шадаев. Рече дека 80 отсто од овие луѓе и понатаму се вработени во руски компании, но дека е против тоа да им се забрани работа на нивните во моментов странски локации.

Првиот бран на иселување по објавата на војната, а вториот со мобилизцијата

Првиот бран на иселување се случи набрзо по објавата на претстедателот Владимир Путин на војната со Украина, додека вториот следеше по наредбата за делумна мобилизација на резервисти. Европската унија на повеќето Руси кои бегаа не им дозволи влез на своја територија, па многумина побараа прибежиште во соседните земји, поранешни советски републики.

Русите расправаа за забрана на иселениците да работат за руски фирми

Владата и парламентот расправаа за закон кој би им забранил на иселениците продолжување на работата за руски компании. Веруваат дека тоа ќе ги спречи оние со совест да останат во странство. Расправите во моментот се вртат околу тоа кои сектори би биле ставени во законската рамка.

Недостатокот на руски ИТ стручњаци неодамна доведе до тоа тие службено да бидат ослободени од регрутација за служење воен рок. Но, многу Руси не веруваат на ветувањата на Кремљ и сакаат да останат во странство.