ОЈО Гевгелија поведе постапка за обид за убиство​ поради долг

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое што на 29 октомври годинава, во канцеларија на извршител во Гевгелија, со умисла се обидел да лиши од живот две лица со кои се сретнал по претходен договор за регулирање на начинот и рокот на исплата на неговиот долг.

– Додека траело излагањето на оштетениот – адвокат, осомничениот ја затворил вратата од канцеларијата, извадил пиштил и го вперил во доверителот – лицето кон кое го имал долгот. По реакција на адвокатот, осомничениот го вперил пиштолот и кон него, но адвокатот успеал да ја фати раката на осомничениот и да го насочи пиштолот кон подот,  по што настанала турканица и борење по подот. Во меѓувреме другиот оштетен и вработените од извршителската канцеларија ја напуштиле просторијата. Додека траела борбата, осомничениот со левата рака се обидел да го репетира пиштолот. Откако оштетениот адвокат му ветил на осомничениот дека нема да го пријават, борбата престанала и осомничениот го напуштил местото на настанот, се вели во соопштението на ОЈО.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, поради основан страв дека ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело или ќе ја попречува кривичната постапка со влијание  врз сведоци, како и можност да го повтори кривичното дело, надлежен јавен обвинител до Судот доставил и судот го прифатил предлогот за определување на мерка притвор во траењет од 30 деан за осомничениот.

Против лицето постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Убиство од член 123 став 3 во врска со член 19 од Кривичниот законик.