ОИ:Пливачот Деркоски последен во квалификациите


 Македонскиот пливач Филип Деркоски настапи денеска на Олимписките игри во Токио завршувајќи на последното место во квалификациите во дисциплината 400 метри слободен стил.

Деркоски настапи во првата од петте квалификациски групи и патеката ја исплива за време од 4:03:34.

Со оствареното време, 20-годишниот Деркоски за 76 стотинки го подобри личниот рекорд, што на крајот од квалификациите се покажа како недоволно да го избегне последното место во конкуренција на 36 пливачи.