Охриѓанецот Христијан Пендиков доби бугарски пасош (ВИДЕО)


 

Христијан Пендиков, кој беше претепан во Охрид на 19 јануари, ја заврши својата процедура за добивање бугарско државјанство што ја почнал во декември минатата година. Бугарските медиуми јавуваат дека молбата на Пендиков за добивање бугарско државјанство била одобрена од надлежните институции во Софија и тој го добил бугарскиот пасош и лична карта. Пасошот попладнево лично му го даде потпретседателката Илијана Јотова на свечена церемонија на која присуствуваа повеќе луѓе и таа се пренесуваше во живо, при што Пендиков беше видливо нервозен и го префрлаше непрекинато документот од рака во рака. Во Бугарија веќе неколку месеци се заговара вакво давање на бугарското државјанство на граѓани од Македонија  за да не ја користат оваа привилегија, а да ги навредуваат Бугарија и Бугарите на јавна сцена, уште повеќе што напаѓачот на Пендиков кога се случи настанот имаше бугарски пасош, а тој не , па и долг период се декларирал како голем македонски патриот што „не го дава“ името и никогаш нема да земе бугарско државјанство. Церемонијата на предавање на државјанството започна  и со исполнување на бугарската химна, а Јотова која стана водечки глас на националистите во Софија, одржа говор. 

 

Претепувањето на Пендиков предизвика напрегнатост во односите меѓу Македонија и Бугарија. Во Софија тоа беше оценето дека се засилувале постапките од омраза во Македонија. Пендиков беше пренесен на лекување во Софија, по опоравувањето беше примен од врвните политичари, даваше интервјуа во медиумите во кои зборуваше дека бил прогонет во Македонија откако пред неколку години станал свесен за своето бугарско потекло. Сега доби и официјална потврда за својата новооткриена национална припадност преку бугарскиот пасош.

Во Охрид трае судењето на напаѓачите на Пендиков. Еден од нив, Илија Спасески, изјави дека не се чувствува виновен за делото за кое му се суди.