Охрид ќе биде украсен за Нова година, дали и Скопје?
Охрид ќе биде украсен за новогодишните празници, а нема да изостане ниту организираниот пречек на Градскиот плоштад.
Ова вчера го изјави првиот човек на нашиот најпознат туристички центар, Кирил Пецаков.
Според него, Охрид е туристички град и нема да трпи на украсувањето, ниту на новогодишната забава во која ќе уживаат охриѓани и туристите, иако е спротивно на владината одлука за штедење електрична енергија.
Годинава Град Скопје не распиша тендер за новогодишно украсување на градот.
САКАМДАКАЖАМ.МК ја праша Арсовска дали годинава Градот ќе се украсува, дали ќе има новогодишна елка, базар и прослава.
„Ќе имаме прес-конференција на таа тема и ќе кажеме“, им одговори кусо Арсовска.