Охрид е магичен и под снег (фото)

Фото-репортажа на Борис Грданоски


Охрид секогаш е најубав, ама со снег е посебна убајни, ќе кажат гордите Охриѓани за македонскиот туристички бисер кој во екот на летната сезона може да ве разочара кога ќе се претвори во бижутерија. 

Фото: Б. Грданоски

Охрид како и Скопје и цела Македонија неделава се разбуди со првиот снег оваа зима. Потешко е да се стигне до Охрид со завеани патишта и голомразици, кои деноноќно ги чисти „Македонија пат“. Ама ако успеете, сепак да стигнете, како нашиот фоторепортер Борис Грданоски, глетката покрај езеро под снег, нема цена. 

Фото: Б. Грданоски

Погледнете дел од снежната убавина во Охрид, во тишина, без туристи, и патиштата со снег до Охрид. 

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Снег на патот Охрид-Струга/ Фото: Б. Грданоски
Читење на снег на патот кај Подмоље-Охрид/Фото: Б. Грданоски