Огромен собир во Молдавија за поддршка на интеграцијата во ЕУ
Околу 75.000 луѓе се собраа денеска во главниот град на Молдавија, Кишињев, за поддршка на поблиските врски со Европската унија, додека проевропската влада на земјата продолжува да се бори со политичките струи од Русија.
Собирот на кој се појави и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола е организиран неколку дена пред состанокот на европската политичка заедница, пишува Радио Слободна Европа.
Средбата ќе се одржи на 1 јуни, а се очекува претседателката на Молдавија, Маја Санду да добие ветување дека нејзината земја наскоро ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Самитот ќе биде прв состанок на 44-члената група чија цел е да се подобри соработката меѓу ЕУ и земјите кои не се членки на Унијата, вклучително и земјите кандидати од Западен Балкан и регионот на Кавказ.
Молдавија, заедно со Украина, беа поканети на отворањето на пристапните преговори со ЕУ во јуни минатата година, неколку месеци откако Русија ја започна инвазијата на Украина.
Како една од најсиромашните земји во Европа, Молдавија прими стотици илјади украински бегалци, а во исто време во земјата растеше стравот од можно ширење на војната.