Огромен пожар во трговски центар во Албанија, заробени околу 40 лица (видео)


Во градот Лушње во Албанија денеска избувна пожар кој зафати трговски центар и блиска станбена зграда, а ситуацијата изгледа многу сериозна. Спасувачите евакуирале многу луѓе, но се стравува дека десетици од нив останале внатре.

Пламените јазици ги зафатија првите катови, но проблемот е што четирите страни на зградата се покриени.

Целата противпожарна служба од Тирана излегла на лице место да го стави пожарот под контрола. Во гаснењето на пожарот помага и хеликоптер.

Многу луѓе се евакуирани, а неколку лица се пренесени во болница поради задушување. Меѓу нив има две деца и двајца пожарникари. Локалните медиуми јавуваат дека околу 40 лица се заробени во зградата, а 35 од нив се евакуирани.