Ограбена вработена во казино во Аеродром
Вработена во казино, насилно била ограбена синоќа од едно лице, кое одзело пари од неа.
Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 01:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 16.04.2026 околу 23:10 часот пред казино на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила одзело пари од вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.