Ограбена патарината кај „Глумово“, ќе помогнат ли камерите?


Две вооружени лица ја ограбиле патарината кај Глумово на излезот од Скопје на автопатот кон Тетово. Според полицијата, разбојништвото се случило утрово околу 4.15 часот. Напаѓачите со фантомки на главите му се заканиле на вработениот дека ќе го убијат доколку не им ги предаде сите пари од дневниот промет. Го зеле пленот и побегнале.

Засега нема информација колку пари се украдени. Наплатните рампи вообичаено се покриени со видео – камери, но се случува да не работат во клучни моменти.