Огнено кршевање на министерот Алиу – дијабетичарите со пет тешки прашња


Новиот министер за здравство Азар Алиу, изгледа најпрво ќе треба да одговори на петте тешки прашња шрто му ги поставија дијабетичарите. Откако пред два дена беше избран за министер, Алиу не излегол во јавност, но денеска до него стигнаа пет прашања од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Тие велат дека долго време немало транспаретност на работата на Министерство за здравство, во кое време се случуваа намалување и недостиг на терапија, немање на доволно количини и непуштање целосна терапија, согласно новите договори за набавка на терпија, како и немање никаков одговор за наивните барања. Затоа, денес јавно со пет прашања му посакаа добредојде во Министерство за здравство на новиот министер Азир Алиу.

1. Кој и зошто не пушта целосна количина, со се 500  нови пациенти на Оземпик? Врз основа на кој научен доказ се прави и намалување на количини?

2.Кој ги крати и зошто количините на Инсулини? – Рајзодек и Новомикс 30 и кој без никаква наука наложува аптеката сама да врши замена за 9000 пациенти кои им вршите промена без консултации?

3.Кој сака да ги заменува нашите 40000 животи и нашето здравје за дневни “игри и суета” или можеби за штедење на буџет???

4.Зошто не се реализира, наводно 30% зголемена количина по новиот тендер за достава на терапија [инсулини и анти – дијабетна] низ државата? Ние ли “злоупотребуваме” терапија или ???

5.Колку време им треба на Национална комисија за дијабетес и заменик-министерот заедно со службите, да ни одговорите за нашите барања за минимум стандарди и критериуми за набавка на ленти и Сензори? Или некој пресметува без нас и мисли дека така ќе поминете со набавка???
До денес поминаа 3 месеци од првото барање, или цели 96 дена! – потенцираат од Сојузот.

Можеби миистерот е нов, но заменикот и останатите во Министерството за здравство таму веќе се задомаќинети, па не би требало да биде проблем да ги одговорат овие прашања на пациентите со дијабетес, макар во името на новиот министер.