Официјално Родри член на Барселона до 20230 година
Шпанскиот првак Барселона доби големо засилување за новата сезона. Тоа што долго се најавување и доби и официјална потврда – капитенот на шпанската фудбалска репрезентација актуелниот светски првак Родри е нов член на Барселона.
Тој со „каталонскиот клуб“ потпиша договор до 2030 година.
Потписот и доаѓањето на Родри треба да донесе стабилност, контрола и искуство пред сè во клучните натпревари.
Во Манчестер Сити беше една од најважните алки во тимот под водство на Пеп Гвардиола, при освојувањето на неколку титули во Премиер лигата, ФА купот како и пехарот во Лигата на шампионите кога во 2023 година беше и стрелец на единствениот гол во финалето против Интер.
Барселона првиот натпревар ќе го игра на 23.август (недела) на гости против Елче, а првиот домашен натпревар го играат на 27.август против Атлетик Билбао кога се очекува и Родри да биде во составот.