Официјална вечера место роденден: Меланија Трамп наполни 49 години


САД– Првата дама на САД, Меланија Трамп наполни 49 години. Роденденот место прослава се претвори во официјална вечера со јапонскиот премиер Шинзо Абе и неговата сопруга Акие.

-Ја прашав Меланија дали сака роденденот да го прослави со јапонскиот премиер, и таа ми кажа дека никој друг гостин не би посакала, се шегуваше американскиот претседател Доналд Трамп.

Претходно Трамп испратил имејл на безброј адреси во кој побарал помош да собере милион потписи за роденденската честитка на неговата сопруга.

„Ми треба вашата помош. На нашата прекрасна прва дама, Меланија, и’ е роденден, а јас сакам да направам нешто посебно за неа, бидејќи таа за мене е посебна. Сите знаеме дека Меланија е неверојатна сопруга, мајка и прва дама. Помогнете ми да и’ покажам колку ја сакаат Американците“, напишал американскиот претседател во имејлот.

Атрактивната Словенка во прославила роденденот во едноставен, но многу елегантен бел фустан од тантела и со омилените, скапи чевли на Лубутан.