Официјална одлука: школската година почнува на 1 октомври


Владата на денешната седница донесе одлука почетокот на учебната година да се помести за 1 октомври и го задолжи Министерството за образование да го промени календарот. Во рамките на ова Владата донесе одлука за формирање работна група во којашто ќе учествуваат претставници од Министерството за здравство, Министерството за образование и од канцеларијата на претседателот на Владата која ќе ја следи состојбата и ќе дава мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за спроведување на наставата во услови на Ковид-19.