Одржаа парада и покрај пандемијата – илјадници луѓе без маски на прославата


 

Во Белорусија покрај пандемијата од корона вирус се одржа воена парада на која присуствуваа илјадници луѓе, некои без маски, пишува Гардијан.

Претседателот на Белорусија претходно најави дека нема да ја откаже воената парада по повод Денот на победата, покрај тоа што Москва се откажа од тоа.

Илјадници луѓе, меѓу кои и ветерани од Втората светска војна, присуствуваа на воената парада во чест на Денот на победата.

Русија и останатите земји го откажаа военото дефиле, па Белорусија е единствена земја од поранешниот Советски Сојуз, која со воена парада ја одбележа 75-годишнината од победата над фашизмот.

„Во овој луд и дезоринетиран свет многумина ќе не осудат поради тоа што сме сега и овде и го одбележуваме овој свет настан“, рече претседателот Александар Лукаженко. „Не брзајте со заклучоците, не не осудувајте нас, потомците на белоруските победници. Не можевме поинаку. Немавме друг избор, Но и да имавме, исто ќе постапевме“, порача тој на парадата.

Домашните и странските медиуми изразија загриженост поради парадата и масовното собирање во ек на епидемија.

Но, Лукашенко и претходно правеше вакви потези, кога се појави на велигденската литургија, но и на други јавни настани.

На новинарите им изјавуваше дека вирусот не е толку смртоносен како што се кажува.

Белорусија е единствена земја во која не прекинаа фудбалските натпревари иако до сега од епидемијата заразени се 21.101, а починаа 121 човек.