Одмазда: Хакери откриваат лични податоци на полицајци во Белорусија

 

Анонимни хакери открија лични податоци на 1.000 полицајци во Белорусија, за да се одмаздат за сузбивањето на демонстрациите против претседателот Александар Лукашенко.

Во соопштението кое преку апликацијата Телеграм го пренесе опозицискиот канал Некста лајв, хакерите наведоа дека ќе продолжат со масовно објавување на податоци, ако продолжат апсењата на демонстрантите.

Владата на Белорусија изјави дека ќе ги пронајде и ќе ги казни одговорните за откривање на податоците, кои синоќа масовно споделија податоци преку Телеграм, пренесе Ројтерс.

Протестите во Белорусија траат од претседателските избори одржани на 9 август, на кои, според официјалните податоци, победи долгогодишниот лидер Александар Лукашенко. Опозицијата тврди дека изборите не биле чесни и бара оставка од Лукашенко.