Одложени концертите на Жељко Бебек, „Електрични оргазам“ и на „Бонд“


Со оглед на новонастанатата ситуација и мерките донесени од Владата коишто се поврзани со коронавирусот, од Авaлон информираат дека мартовските концерти на светската атракција „Бонд“ , на Жељко Бебек и на „Електрични Оргазам“ се одложуваат.

Оттаму појаснуваат дека во континуитет работат со цел да се обезбедат нови датуми за концерти во месец мај.

Новите датуми ќе бидат објавени во понеделник во 21 часот.