Одложени денешниот и утрешниот митинг на Коалицијата Влен (Вреди)


Митингот на Коалицијата Влен (Вреди) што требаше да се одржи вечерва во Гостивар во 20:30 часот е одложен. И утре нема да има активности на претседателскиот кандидат од оваа коалиција, Арбен Таравари. 

Како што информираат од Изборниот штаб на Коалицијата Влен (Вреди), одложувањето е поради тоа што денеска во сообраќајна несреќа загина младиот гостиварец Е.А. 

Од партијата изразуваат сочувство до семејството, пријателите и сите жители на Гостивар.