Одложена премиерата и репризите на „Нема да биде крај на светот“ во МНТ


Фото: Б. Грданоски
Поради прогласената тридневна жалост по тешката сообраќајна несреќа која се случи утринава, од Македонски народен театар (МНТ) соопштија дека премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември се откажуваат.
 
Новиот термин на премиерната изведба се закажува за сабота на 27 ноември, а репризните изведби кои беа закажани за 25 и 26 ноември се откажуваат. Средствата од билетите за овие изведби на публиката ќе и бидат рефундирани.
 
Од Македонски народен театар изразија длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите