Одложена одлуката за Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, бранителите биле зафатени
Јавната седница во Апелациониот суд Скопје за предметот „Талир 2“ на СЈО, закажана за утрово се одложи на барање на одбраната на обвинетите Никола Груевски и Кирил Божиновски.
-Споменатите бранители не можеле да присуствуваат поради ангажираност во други кривични предмети, како што е наведено во писмениот подесок од 26.6.2023 година, соопшти Апелација па јавната седница за овој предмет ја презакажа за 29 септември.
За предметот „Талир“ со правостепена судска пресуда минатата година на затворска казна од 6 години е осуден екс премиерот Никола Груевски која е во бегство во Будимпешта, додека поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски е осуден на условна казна од две години. Двајцата беа прогласени за виновни за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ во случајот при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.
Според пресудата од 8 јуни минатата година партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ треба да се конфискува, но и недвижниот имот низ државава кој од страна на осудените и партијата бил купен за партиски потреби, што ќе се случи доколку второстепениот суд ја потврди оваа пресуда на Кривичниот суд.