„Одиме во пропаст“, напиша началничката на израелските здравствени служби и поднесе оставка

Началничката на здравствените служби во Министерството за здравство на Израел, професорката Сигал Садецки денеска поднесе оставка. поради несоодветниот одговор на земјата на вториот бран на Ковид-19.

Таа предупреди дека Израел „оди кон пропаст“ поради наглиот скок на бројот на заразени со коронавирус.

Садецки оцени дека Израел го поништил успехот постигнат за време на првиот бран на пандемијата, затоа што премногу рано дозволуви социјални активности.

Таа на Фејсбук објави дека одговорот на првичното ширење на инфекцијата бил професионален и етички и дека потоа доцна се реагирало, а сега пристапот кон кризата е „хаотичен и неефикасен“.

„Поминаа неколку недели откако Израел го загуби компасот во управувањето со пандемијата“, напиша таа на фејсбук и дополни дека веќе не е во можност да му помогне на Министерството за здравство ефикасно да одговори на ширењето на вирусот.

Министерството за здравство потврди денеска дека бројот на заразени лица се зголеми за 1.057 за еден ден и дека активни се 12.717 случаи, вклучително и 36 лица на респиратор.  Во Израел досега има 31.146  потврдени случаи на новиот коронавирус, а 338 пациенти починаа.