Одговорни лица ќе се грижат учениците во Карпош безбедно да поминат улица


Со новата учебна година, ќе се зголеми безбедноста на учениците во сите основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош.

Општина Карпош во соработка со училиштата, назначи одговорни лица, вработени во самите училишта (од ненаставниот кадар), да се грижат за безбедноста на учениците, објави градоначалникот Стефан Богоев на Фејсбук.

Станува збор за побезбеден пречек на учениците пред почетокот на наставата, грижа додека трае големиот одмор, и по завршување на наставата.

Во унифицирани жолти елеци и знак стоп за пешаци, тие ќе ги спроведуваат учениците, односно ќе им помагаат додека ги поминуваат фрекфентните улици, во близина на основните училишта во Карпош. Оваа безбедносна новина, почнувајќи од годинава, ќе се спроведува секој работен и училишен ден, преку целата година.