Порака на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов без да не меша нас
Владејачката СДСМ експресно му одговори на ВМРО-ДПМНЕ по тврдењата на опозицијата дека имињата на лица со бугарски пасоши што ги објави бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов биле за да му се „помогне на Зоран Заев“ околу проблемите со вакцините.
„ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов, да не нѐ меша во нивните меѓусебни препукувања со ВМРО-БНД. За должничко-доверителски односи со Каракачанов, нека си ги расчистуваат самите, без да се обидуваат да не инволвираат нас.
Како и досега СДСМ нема со било каква постапка да дава повод македонското прашање дополнително да биде злоупотребувано во кампањата во соседна Бугарија“, велат од СДСМ.