Одете, па разберете што сакаше да каже Сиљановска за Извештајот за напредокот

Некогаш зборовите на политичарите се толку заплеткани што изгледаат совршено неразбирливи.
Така денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарско прашање за европскиот извештај за напредокот на нашата земја, што треба да се објави утре, го рече ова:
„Овојпат како да има многу поголема ангажираност, посветеност и одговорност, можеби зашто се зборува за извонредно познавање, добра намера и разбирање на сите процеси и односи што се случуваат“.
Додавајќи ги истите зборови кажувани од речиси сите политичари од минативе години, дека тој ќе биде реален таа додаде:
„Мислам дека е тоа многу важно, кога ќе читате еден извшетај да видите дека е реален, да му верувате, да видите дека некој одговорно се однесувал кон интерпретацијата кон собирањето на податоците, оти тоа е здраво и стимулативно и за нас ама и за сите други“, рече претседателката по конференцијата со која Државниот завод за статистика го одбележува осумдеценискиот јубилеј.