Одеса нападната со ирански дронови, тројца загинати


 

Ноќта на 10 јуни руската војска го нападна регионот на Одеса со помош на беспилотни летала „Шахед“. Ова го соопшти шефот на Јавниот совет под регионалната воена управа на Одеса, Сергеј Братчук.

Според Братчук, над Одеса биле уништени осум дронови. Остатоците на еден од нив паднале врз повеќекатна станбена зграда, што довело до пожар. Три лица загинаа, а 26 се повредени.

Исто така, три лица се повредени како последица на падот на еден од дроновите на морскиот брег.

Командата на вооружените сили на Украина извести дека покрај регионот Одеса, беспилотни летала ги нападнале и регионите Харков и Полтава. Вкупно, според украинската војска, биле соборени 20 дронови.