Одбројувањето започна: Бурса ќе биде домаќин на деветтото издание на маратонот по планинските патеки на Улудаг
Бурса, еден од најпознатите туристички центри во Турција, од 17 до 19 јули годинава ќе биде домаќин на деветтото издание на „Uludağ Premium Ultra Trail“, најголемиот планински ултра маратон во земјата. Настанот повторно ќе ги обедини љубителите на планинското трчање од целиот свет на патеките на планината Улудаг.
Сместена во подножјето на оваа планина, Бурса е позната по своето богато историско наследство, термалните извори, скијачките центри и традиционалната гастрономија. На само два часа од Истанбул и триесетина минути од центарот на градот, трката е лесно достапна за учесниците и посетителите. Покрај спортскиот предизвик, таа нуди можност да се запознаат природните убавини на Улудаг и богатата историја на регионот, чиј развој низ вековите бил обележан од античкото Кралство Битинија и Отоманската Империја.

Под мотото „Сонувај да трчаш на Улудаг!“, годинашното издание ќе собере речиси 3.000 професионални и рекреативни тркачи од 25 земји, меѓу кои Германија, Обединетото Кралство, САД, Канада, Франција, Полска, Шведска, Иран, Грузија, Швајцарија, Белгија, Холандија, Романија и Норвешка.
Патеките минуваат низ дел од најпознатите природни и културни локалитети во регионот, меѓу кои се селото Џумаликизик, кое е впишано на Листата на светско наследство на УНЕСКО, водопадот Саитабат, селото Зејнилер, планинските езера и врвот на Улудаг, висок 2.543 метри. Планината е и едно од најзначајните подрачја за биолошка разновидност во Туркије, со 791 растителен вид, од кои 108 се ендемски, како и повеќе загрозени растителни и животински видови, вклучително и три ретки видови пеперутки.

Учесниците ќе можат да избираат меѓу пет тркачки категории, и тоа 70, 42, 30, 16 и 6 километри, со различна висинска разлика и ниво на тежина. Годинава обновената патека на трката на 70 километри за првпат ќе води до самиот врв на Улудаг, додека учесниците на маратонот од 42 километри ќе имаат можност да стигнат до помалиот врв на планината. Во рамките на настанот ќе се одржи и традиционалната Детска трка.
Покрај спортската програма, посетителите ќе можат да ги разгледаат најпознатите знаменитости на Бурса, меѓу кои Големата џамија, Зелената џамија и Зеленото турбе, караван-сарајот Коза Хан, историските покриени чаршии, Музејот „Куќа на Ататурк“ и древниот чинар Инкаја. Градот е познат по Аја Софија, традиционалната изработка на керамички плочки и Изничкото Езеро, а во ноември 2025 година го посети и папата Лав XIV, по повод 1.700-годишнината од Првиот вселенски собор во Никеја.
Посетата на Бурса е можност да се ужива и во историските амами, како и во препознатливите локални специјалитети, како што се Искендер ќебап, кандирани костени, млечна алва и пита со таан. Маслинките од Гемлик и свилата од Бурса се меѓу најпознатите сувенири од регионот.
(Комерцијален текст)