Одбраната тврди: Истрагата е завршена без исказ на Боки 13


Првоосомничениот во случајот „Рекет“,  Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13 по повеќе од два месеци во притвор, денеска за прв пат беше повикан да даде исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сепак то и неговиот адвокат, Сашо Дуковски одлучиле да не дадат исказ бидејќи сакале првин да ги видат доказите.

Дуковски тврди дека денеска кога Јовановски требало да даде исказ, Обвинителството им дало известување дека истрагата е завршена и побарале да се потпишат на известувањето.

„Не е во ред истиот ден да се донесе известување за завршена истрага и да се бара од осомничен да даде изјава, а не бил известен за сомневањата“, вели Дуковски.

Тој тврди дека Јовановски ја знае цела вистина за случајот и сака да даде исказ, но не во вакви околности кога ги нема видено доказите против него. Од среда секој ден тие ќе вршат увид на доказите и за 15 дена Јовановски пак ќе треба да биде донесен во Обвинителство да даде исказ.

Неговата здравствена состојба, тврди Дуковски била загрижувачка, секојдневно повраќал и имал проблеми со желудникот и тенкото црево.