Одбиена жалбата на кошаркарката Грajнер за намалување на деветгодишната затворска казна


Русија– Судот во рускиот град Красногорск денеска ја отфрли жалбата на американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грajнер за деветгодишната затворска казна што и беше изречена по обвинение за трговија со дрога.

Красногорскиот суд ја одби нејзината молба за намалување на казната, со појаснување дека секој ден што Грajнер го минала зад решетки од нејзиното апсење во февруари ќе се смета како ден и половина.  

Американската кошаркарска ѕвезда претходно во видео-порака прикажана на сослушувањето во жалбената постапка побара прилагодување на казната, посочувајќи ја како „мошне трауматична и стресна“.

Рускиот суд на почетокот на август ја осуди Бритни Грajнер на девет години затвор, откако ја прогласи виновна за намерно внесување канабис во Русија.

Вашингтон целиот судски процес го оцени како „лажен“.