Одбиен амандманот на СДСМ за парична награда на пожарникарите

Владејачкото мнозинство го одби амандманот на СДСМ во расправата за ребалансот на Буџетот со кој се предлагаше награда на пожарникарите, полицајците, војниците и сите кои учествуваа во гасењето пожари.
„Сега кога имаме прогласено кризна состојба во државата, а сè уште беснеат пожарите, само вчера имавме пожари на 12 населени места, а ја имаме за жал и првата жртва, она што треба да го направиме како Собрание, е да помогнеме. Ние како пратеничка група на СДСМ, стоиме на располагање, за што и да треба дополнително, за ефикасна борба со пожарите“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.
СДСМ преку соопштение реагираше на одбивањето на амандманот:
„Вчера го одбија и амандманот на СДСМ за поголеми плати за работниците. Нема пари за работниците, дрско порачува ВМРО-ДПМНЕ сервирајќи му на народот нова епизода од нивните најлоши политики.
Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за пожарникарите, нема пари за војниците, нема пари за полицајците, за работниците… Пари има само за луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри со бизнис класи“.