Одбележување на „Светскиот ден на Вранецот“


Министрите за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Крешник Бектеши и Арјанит Хоџа денеска ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на одбележувањето на „Светскиот ден на Вранецот“, што ќе се одржи во М6 Едукативен Центар во Скопје.

На одбележувањето на „Светскиот ден на Вранецот“ ќе биде промовирана и брошура за промоција на винската индустрија на земјава, чијашто подготовка е поддржана од Министерсрвото за економија преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво.

Организатор на одбележувањето на „Светскиот ден на Вранецот“ е здружението „Вина од Македонија“.