Одбележување на Светскиот ден на мултипла склероза


Националното здружение за мултипла склероза денеска ќе го одбележи Светскиот ден на мултипла склероза.

На настанот излагање ќе имаат Ана Карајанова Димитрушева, претседател на Националното здружение за мултипла склероза, Асс. д-р Јован Божиновски, в.д. директор на Универзитетска клиника за неврологија, д-р Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување и науч. сор. д-р Слободанка Бурнеска Саздова од Клиниката за неврологија.

Настанот ќе се одржи во „Europe House“-Скопје во 11 часот.