Новотни и Лазовски – 30 годишен јубилеј на првовработените актери во Театарот за деца и младинци


Во Театарот за деца и младинци во Скопје вечер ќе се одржи претставата „Зрното грашок и принцезата“. Со оваа претстава, актерите Изабела Новотни и Владимир Лазовски ќе го одбележат тридеценискиот јубилеј од нивната кариера како првовработени актери во ансамблот на Театарот.

-Пред три децении кога за се вработив, не бев свесна за авантурата во која се впуштам. Ентузијазмот што го имав тогаш, се уште ме држи и верувам дека ја оправдаме довербата како првовработени актери да креираме и создаваме квалитетни претстави во првиот и единствен државен театар за деца и младинци на македонски јазик, истакна Новотни.

Владимир Лазовски смета дека е прекрасно чувството да се биде дел од создавањето темели на „едно сега веќе големо функционално семејство, кое неуморно соништата ги создава низ театарските претстави преку кои израснале бројни генерации“,

Театарот за деца и младинци, со одлука на Владата во 1990 година е формиран како Национална институција и во првите години од формирањето претставите биле играни на најразлични сцени низ Скопје и низ земјата, но без официјално вработени актери.

-Пред театарот да го формира својот уметнички ансабл, во него, заедно со тогашниот директор Љубиша Чадиковски, вработени како административни соработници и имаат веќе имаат навршено 30 години во ТДМ беа, Виолета Димовска која што сеуште го дава својот придонес во ТДМ и нешто подоцна Софија Георгиевска, која веќе е во пензија. Заедно со вработувањето на првите актери, театарот ги бележи и вработувањата на Љубица Велкова, кројач која остава силни белези при реализација на сите раскошни костими за најразличните претстави во театарот, а исто толку години поминати во ТДМ оваа година ќе бележи и Ангеле Насковски, тон мајстор, соопштија од Театарот.

Како што потенцираат, на 6 февруари во 1998 година, Театарот за деца и младинци конечно добива свој дом.

-Поранешниот воен ресторан „Вардар“ станува адаптиран сценски простор, од привремен карактер. Овој објект се уште како „привремено адаптиран театар“ е единствениот дом во кој вработените неуморно креираат и создаваат успешни претстави наменети за деца и младинци, цели 33 години и веруваат во „Сонот што трае“, се наведува во соопштението на Театарот.