Од вторник, снег на планините


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

УХМР информира дека до недела ќе се задржи стабилно време, по котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, а снег се очекува од вторник.

Утре ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот во повеќето котлини условите за магла да се намалат.

Во понеделник претпладне сè уште ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.