Од вторник повторно снег, викендов сончево и студено


Фото: Б. Грданоски

Времето утре ќе биде сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. По Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер.

Во недела времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Понекаде во котлините ќе има услови за појава на утринска магла.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно и ветровито. Претежно во северните и источните делови ќе има локални врнежи снег, а на пониските места повремено од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец.