Од утрово затворени сите кафулиња во Србија
Новата одлука на Владата на Србија на предлог на Кризниот штаб, стапи на сила утрово во 6 часот.
Од денеска затворени остануваат сите угостителски објекти, ресторани, кафулиња, ноќни клубови и барови како и трговските центри.
Сите објекти за продажба на храна и установите за култура како кина, театри, галерии и библиотеки може да работат до 21 часот, а другите до 20 часот, со почитување на мерките за превенција.
Сите објекти кои се отворени мора да почитуваат мерки, да имаат девет метри квадратни по лице, а исклучок се фитнес клубовите, спа центрите, теретаните и слично каде мора да има 16 метри квадратни по лице.
Зајакнат ќе биде и инспекцискиот надзор за почитување на оваа мерка, а пред секој објект треба да има ковид редар.
На угостителските објекти дозволена им е шалтерска продажба на храна и пијалоци 24 часа дневно. Хотелските ресторани и кафулиња може да работат до 21 часот и само за гостите на хотелот.
Владата повикува на одговорност и почитување на епидемиолошките мерки.