Од утре зимско работно време на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје

Од утре почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“-Скопје.

Како што соопшти „Градски паркинг“, работното време за зоните А, Б и Ц ќе биде од понеделник до петок од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 07:00 до 14:00 часот.

На јавна површина наменета за паркирање во зона Д, работното време останува исто или од понеделник до сабота од 7:00 до 23:00 часот.