Од утре стабилно време со утрински температури под -5 степени


Стабилно време најавуваат метеоролозите за утре, но со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени.

Како што информираат од УХМР, во понеделник, како и во втората половина од следната седмица по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот.

Времето денеска е претежно облачно, особено во западните и северните делови каде попладне на планините ќе има повремен слаб снег, а во пониските места слаб дожд.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието и на повисоките места. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.