Од утре прскање против комарци во Скопје


Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19 август (вторник) до 22 август (петок), од 22 до 3 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените денови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.