Од утре продолжува важењето на бесплатните годишни студентски билети за јавен превоз


Фото: Б. Грданоски

Од утре продолжуваат да важат бесплатните годишни студентски билети за користење на јавниот превоз, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Посочуваат дека и натаму нема да важат бесплатните средношколски билети и бесплатниот превоз за возрасни лица.

За сите измени, корисниците на посочениот тип билети ќе бидат навремено известени, истакнуваат од ЈСП Скопје.