Од утре постудено со повремен дожд и магла


Фото: Б. Грданоски

Од вторник попладне времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Утринските температури од среда насекаде ќе бидат над нулата, а дневните без позначителни промени, соопшти УХМР.