Од утре попладне дожд и грмежи

Од утре попладне и во наредните денови државата ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови локален дожд и грмежи.

Синоптичарите за сабота најавуваат на места поинтензивни процеси во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.