Од утре изменет сообраќаен режим на патот Прилеп – Битола


На државен пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежните активности кај мост на река Шемница, од 27 март ќе има целосно затворање и времена измена на режимот на сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.