Од уметници до политичари- црвен килим за македонската премиера на „Кајмак“ (фото)


Фото: Б. Грданоски

Актери, режисери, уметници, бизнисмени и политичари прошетаа синоќа на црвениот килим пред Македонската филхармонија, каде што се одржа со нетрпение очекуваната македонската гала премиера на најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“.

Живко Мукаетов од „Алкалоид“ со сопругата/ Фото: Б. Грданоски

По Токио и Тајпеј, „Кајмак“ дојде дома. Од денес, почнува истовремено да се прикажува во речиси 30 градови низ целата земја- Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Виница, Крушево, Струмица, Македонска Каменица, Тетово, Дебар, Берово, Неготино, Богданци, Кратово, Радовиш, Струга, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп и Штип. Премиерата во Битола и Гевгелија е закажана за 23 ноември. Во Скопје од денес филмот ќе игра во кината на Синеплекс и Милениум.

Златко Муцунски- Порше, со сопругата/ Фото: Б. Грданоски

„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот  е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.
 

Претседателот Пендаровски со првата дама/ Фото: Б. Грданоски

„Комшијата е најважната институција во една малограѓанска средина. Но, секое добро уметничко дело те кани да го ѕирнеш светот со поинакви очи. „Кајмак“ ја кани публиката да не суди, туку да сочувствува со ликовите – а сите тие се во исто време и жртви и душмани“, изјави Манчевски на прес конференцијата во Скопје.

 
Актерките од филмот, Ана Стојановска и Симона Спировска, со манекенката Катарина Ивановска/ Фото: Б. Грданоски
По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.
 

Елена Младеновска-Јеленковиќ (прва од десно) од „М6-Едукациски центар“ со италијанскиот амбасадор Силвестри / Фото: Б. Грданоски

Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев. Музиката е на култниот „Дејниш стринг квартет“, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска.

 

Фото: Б. Грданоски
Министерот за правда Тупанчевски/ Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски