Од светски шампион во бокс до банкрот па повторно милионер


Поранешниот светски шампион во боксот Мајк Тајсон одгледува голема плантажа со канабис во Калифорнија

Тајсон, кој претходно беше зависник, по кариерата во боксот, се покажа како успешен бизнисмен, барем врз основа на заработката.

https://www.instagram.com/p/B1J0fpbhYs0/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

Бидејќи  марихуана е легална во Калифорнија, американските медиуми пишуваат дека заработува околу 1 милион долари месечно од продажба на канабис, екстракти и многу повеќе.

Тој е сопственик на ранч од 418 хектари, луксузен хотел и планира да отвори сместување за одгледувачи на канабис.

Тој претходно признал дека „пуши“ марихуана во вредност од неколку илјади долари месечно.

Тој, исто така, има инвестирано и во пренамена на канабис во течна форма и верува дека дури и таков производ би можел да го реши проблемот со алкохолизам.

Тајсон со ова се занимава од 2016 година.