Од Светска банка сугерираат да се зголеми наплатата на даноци, забелешки за ниските акцизи за тутунот


 Сања Маџаревиќ–Шујстер, виш економист во Светска банка за Западен Балкан смета дека е неопходно да се работи на мобилизирање приходи од домашни извори, односно наплатата на даноци, а преку политика на конкурентност и привлекување на конкуренти, во сегменти каде се чини дека има злоупотреба на монополистичка или олигополистичка положба на пазарот, може да се придонесе кон елиминирање на претераните маржи и профити.

-Северна Македонија одржува рамен данок, освен за ДДВ веќе подолг период. Имаше обид за воведување на прогресивен персонален данок, но тоа не наиде на поддршка кај јавноста. Можеби ќе се најде можност за зголемување на стапките на даноци на добивка преку политика на конкурентност и привлекување на конкуренти во сегменти каде се чини дека има злоупотреба на монополистичка или олигополистичка положба на пазарот, може да се придонесе кон елиминирање на тие претерани маржи и профити. Но, и преку механизми кои се предложени на ниво на ЕУ и од страна на вашето Министерство за финансии, рече Маџаревиќ–Шујстер, која денеска во Скопје го претстави најновиот Редовен економски извештај за Западен Балкан.

 

Таа посочи дека потребно е да се работи на мобилизирање на приходи од домашни извори, односно наплатата на даноци, мотивација за доброволно одржување кон правилата за наплата на даноци, структурата на даноците да биде помалку регресивен.

-Сега имаме предложени мерки во Парламентот со кои ќе се прошири даночната база, ќе се наплаќа повеќе на овој данок. На страната на акцизите веќе имаме давачки, меѓутоа ако ги споредиме стапките на акцизи за тутунски производи во регионот е меѓу најниските. Ако ги погледнеме цените на тутунските производи, тие се меѓу најниските во регионот. Треба да се размислува на долг рок, затоа што треба да се размислува и за здравствената состојба и не би требало да се скратува здравиот живот. Ова е еден вид на даночен приход кој што ние од се срце во го препорачуваме, рече Маџаревиќ–Шујстер.