Од струен удар почина девојка од Кумановско – излегла од базен и зела мобилен


Фото: Б. Грданоски

Млада девојка почина за време на приватна забава во угостителски објекти.

Според информациите од полицијата, станува збор за 22-годишна девојка со иницијали Љ.С. од Кумановско.

„Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го зела телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија“, соопшти МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.