Од среда температурите ќе достигнат до 40 степени


Многу топло време со температура од 40 степени не очекува од средината на оваа недела.

Од УХМР информираат дека зголемена облачност со локални врнежи и дожд ќе има уште утре, а од среда следува период на многу топло време. Во среда и четврток попладне ќе има услови за
изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Утре максималната температура ќе се движи 24 до 36 степени, во среда од 29 до 37, четврток од 31 до 39 степени, петок од 32 до 40 степени, сабота од 30 до 39 и во недела од 29 до 38 степени.