Од среда повторно ќе се прска против комарци


  
Градот Скопје информира дека четвртата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на во среда (авионско) и во недела (терестрично).
Имено, авионската дезинсекција ќе се одвива во среда и во четврток во раните утрински часови.
Терестричната дезинсекција ќе почне во недела и ќе заврши најдоцна до следната среда. Оваа дезинсекција ќе се одвива во периодот од 23 до 4 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.