Од следниот прес на Филипче, новинарите ќе седат поразредено, нема подавање микрофон


Додека трае утринскиот прес на министерот за здравство Венко Филипче, на кој ги објасни новите мерки за заштита од корона вирусот, тој најави мерки и за новинарите.

Имено, Филипче рече дека од следната прес-конференција, новинарите ќе седат поразредено и нема да го подаваат микрофонот од еден на друг за да постават прашање.

Појасни дека Службата за општи работи на Владата ќе набави повеќе дезинфекциони средства кои ќе се користат и во функционирањето на администрацијата, но и при одржување прес-конференции. (Б.Б)