Од следниот петок претплата за верификација на налозите на Твитер во три бои: златна, сива и сина


 

Твитер привремено ќе ја обнови својата функција за верификација на претплата на сметките следниот петок, твитна денеска главниот извршен директор Илон Маск, откако го одложи лансирањето на таканаречената функција „син беџ“ претходно оваа недела.

Оваа социјална мрежа ќе користи различни бои за проверка на организации и поединци, рече Маск, пренесе Ројтерс.

„Златен беџ е за компаниите, сив за владите, а син за поединците, без разлика дали се познати или не. Болна мерка, но неопходна“, напиша најбогатиот човек на светот на Твитер.

Сите проверени сметки ќе бидат рачно потврдени пред да се активира проверката, додаде Маск.

Компанијата ја суспендираше својата неодамна објавена претплата на услугата „сина ознака“ од осум долари, бидејќи лажните сметки се размножија и рече дека претплатата повторно ќе биде пуштена во употреба на 29 ноември.

„Синиот беџ“ претходно беше резервиран за проверени сметки на политичари, познати поединци, новинари и други јавни личности.